Едногласно прифатена иницијативата на Левица за враќање на моштите на Панко Брашнаров од Хрватска во Македонија!
-Иницијативата за враќање на моштите на народниот учител Панко Брашнаров, предложена од советничката група на Левица во Советот на Општина Велес едногласно беше прифатена на денешната седница.
Панко Брашнаров, човекот кој беше генерација и соученик на велешките гемиџии, сведок на двата Илиндена, човекот кој целиот се посвети на ослободувањето на Македонија и голем дел од својот живот го помина по затвори поради својот патриотизам и идеализам и кој поради својата борба за македонската кауза остана патриот вљубеник во Македонија, без свое семејство и потомство.
Иницијативата подразбира реализација на низа мерки и активности со кои ќе се овозможи враќање на посмртните остатоци на првиот претседавач со АСНОМ, Панко Брашнаров, од Хрватска во Македонија, во родниот Велес. – соопштија од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Левица: Прифаќаме преговори, но само во рамки…
Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…