Еднократна помош за првачиња во Аеродром: 3.500 денари по дете
Општина Аеродром и оваа година ја продолжува мерката за поддршка на семејствата, со која се обезбедува еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое дете запишано во прво одделение во основно училиште на територијата на општината.
Пријавувањето за остварување на правото на парична помош ќе трае од 15 јуни до 30 септември 2026 година.
За аплицирање, граѓаните треба да достават барање во архивата на Општина Аеродром, заедно со следната документација: потврда за запишан ученик во прво одделение од соодветното основно училиште, извод од матичната книга на родените за детето, фотокопија од лична карта или патна исправа на родителот или старателот со адреса на живеење во општината, како и фотокопија од трансакциска сметка.
Обрасците за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци се достапни на веб-страницата на општината.
Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува со поддршка на семејствата и инвестирање во образованието пред почетокот на новата учебна година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…
МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…
Трактор излета од пат во Пехчево, загина…
Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…
Мара Кос во Подгорица: Понекогаш се чувствувам…
Понекогаш се чувствувам како овчарка која внимава…
Мерц: Црна Гора е блиску до ЕУ,…
Членството на Црна Гора во Европската Унија…
Британски парламент: Европа не може да смета…
Европејците повеќе не можат да се потпираат…