Ед Милибанд не ја исклучува можноста Велика Британија повторно да ѝ се приклучи на ЕУ
Враќањето на Велика Британија во Европската Унија би можело да биде тема на разговор за време на неформалните дискусии меѓу европските лидери и британскиот премиер Енди Барнам, најави шефот на британската дипломатија Ед Милибанд.
„Сите опции се на маса“, изјави Милибанд во интервју за британскиот јавен сервис Би-Би-Си.
Според него, премиерот Барнам сака во текот на следната година да разгледа различни идеи за можни идни врски меѓу Велика Британија и ЕУ.
По референдумот во 2016 година, Велика Британија официјално го напушти европскиот блок во јануари 2020 година.
Велика Британија и ЕУ вчера склучија неколку договори со цел да овозможат ново приближување. Според Барнам, тие договори биле најдоброто што можело да се постигне пред следните избори.
Во интервјуто за Би-Би-Си, Милибанд истакна дека светот „драстично“ се променил од референдумот за Брегзит.
На прашањето дали се размислува за враќање на неговата земја во ЕУ, Милибанд одговори дека „секако, сите опции се на маса“.
Лидерот на Лабуристичката партија, Барнам, сè уште се држи до партиската програма од 2024 година, која ја исклучува можноста Велика Британија да стане дел од единствениот пазар на ЕУ или повторно да се приклучи кон системот на слободно движење во рамките на Унијата.
Милибанд, исто така, вели дека го почитува резултатот од референдумот во 2016 година, но истовремено напоменува дека Европа се менува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тотален колапс: Луѓето со куфери имаат уште…
Луѓе со куфери, ранци и пластични кеси…
Ед Милибанд не ја исклучува можноста Велика…
Враќањето на Велика Британија во Европската Унија…
„Сејф сити“ во потрага по убиецот кај…
Истрагата за убиството на 38-годишниот маж кај…
Кривична за татко: Се обидел да го…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…
Три годишно дете од Гевгелија почина на…
На 21.11.2026 околу 13:40 часот во СВР…