Едeн од ранетите при пукањето во Цетиње е во животна опасност
Едно лице од ранетите во вчерашното пукање во Цетиње е во животна опасност, соопштија од Клиничкиот центар на Црна Гора. Во таа болница во Подгорица се згрижени четири ранети лица, од кои едно е стабилно, а тројца се на интензивна нега. Еден од нив е во животна опасност.
Во соопштението се наведува дека двајца пациенти се надвор од животна опасност и се згрижени во болница во Цетиње.
Една од ранетите хоспитализирани во Клиничкиот центар на Црна Гора во моментов е стабилен, надвор од животна опасност и е сместена на Клиниката за неврохирургија.
Вториот пациент е третиран хируршки по приемот, има повреди на мозочните структури и коскените структури на главата и градниот кош, животот му е загрозен и се наоѓа на Централното одделение за интензивна нега – се вели во соопштението.
Во него се додава дека третиот пациент има повреда во пределот на абдоменот. Тој е хируршки третиран и е на понатамошна интензивна терапија и мониторинг и исто така е сместен на одделението за интензивна нега.
Четвртиот пациент има повреди на вратот и градниот кош, отворена фрактура на десната надлактица, исто така е оперативно третиран и се уште бара лекување на одделението за интензивна нега – соопшти Клиничкиот центар на Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…