Економистите: Германија нема да профитира премногу од ЕП 2024
Европското фудбалско првенство во Германија значи повеќе пари за хотелите и рестораните, но економистите велат дека турнирот најверојатно нема да има голем ефект врз целокупната економија.
Странските навивачи кои во следниот месец ќе трошат пари во Германија ќе го зголемат БДП во вториот квартал за 0,1 отсто или за една милијарда евра, процени економскиот институт Ifo.
По еврото, извозот на услуги повторно ќе се намали и генерално ќе остане на истото ниво, изјави Гером Волф од Ifo. Извозот на услуги ги вклучува домашните услуги што им се даваат на странци. Тие вклучуваат престој во хотел и други трошоци за навивачите во Германија.
„Од севкупна економска перспектива, ефектите од овој тип на големи настани се прилично мали, освен за туризмот“, рече Тимо Волмершаузер, експерт на Ifo.
Тој потсети дека тоа било случај и на Светското првенство во 2006 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нападнат работник на „Градски паркинг“ на паркиралиште…
Вчера во 23:50 часот во СВР Скопје,…
(Видео) Сафари возило полно со туристи слета…
Возило за сафари полно со швајцарски туристи…
Осум граѓански организации бараат Владата да го…
Осум граѓански организации бараат од Владата итно…
Возач удрил 79-годишна жена и побегнал
Седумдесет и деветгодишна жена е тешко повредена…
Предложен притвор за едно лице за избоденото…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…