„Економист“: Македонија и натаму „несовршена демократија“, но блиску до тоа да стане „целосна“

t

Mакедонија и годинава според индексот на демократијата за 2023 на влијателниот магазин Економист е во групата на „демократии со недостатоци“. Од 165 рангирани држави и две територии, Македонија е на 72 место, заедно со најголемиот дел од државите во поблискиот регион.

Во 2022 година вкупната оценка за Македонија беше 6,1, а за лани таа оценка е малку намалена – 6,03. Рангирањето на индексот на демократија на „Економист“ се прави врз основа на 60 индикатори поделени во пет категории: изборен процес и плурализам, граѓански слободи, функционирање на владата, политичко учество и политичка култура.

Сите оценки под 6 за поединечни елементи на овој индекс и конечната просечна оценка, упатуваат на хибридни и авторитарни режими. Оценката за Македонија за изборниот процес и плурализмот е 7,83, еднакво како и во 2022, а во однос на таа година намалена е оценката за функционирање на владата – 5,71 (во 2022 беше 6.07). Највисоката оценка за Македонија на овој индекс била во 2006 година (6,33).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…