Објавено на:

Економскиот раст на Западен Балкан ќе се забрза оваа и следната година

t

Западен Балкан очекува пораст на економскиот раст во 2024 година, а дополнително забрзување се предвидува за 2025 година, со што овој регион повторно ќе ги достигне просечните стапки на раст пред пандемијата, јавува Анадолија.

„За да се намалат разликите во развојот во однос на Европската унија и да се подобри животниот стандард, реформите треба да продолжат да се спроведуваат во регионот. Тоа подразбира зголемување на инвестициите во зелената економија во градовите, што ќе им овозможи поефективно да придонесат за севкупниот економски развој“, се наведува во новото издание на Редовниот економски извештај за Западен Балкан.

Годинава се очекува економската активност на Западен Балкан да се зголеми на 3,2 отсто, што е за 0,2 процентни поени повеќе од предвиденото на Светска банка во претходното издание на извештајот, додека дополнително зголемување на 3,5 отсто се очекува во 2025 година.

Индивидуалните прогнози за шест економии од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија се вклучени во Економскиот извештај на Светска банка за Европа и Централна Азија, кој исто така беше објавен во четвртокот.

Инвестирање во зелената транзиција

„Планот за раст, вреден шест милијарди евра, ќе помогне да се зајакнат економските врски со Европската унија, најголемиот трговски партнер на Западен Балкан и да се спроведат реформи во насока на зајакнување на економската интеграција во рамките на самиот Западен Балкан. Според анализите на Светска банка, подобрувањата како што се скратувањето на времето потребно за извршување на процедурите на границата и модернизацијата на платните системи во регионот може да донесат значителни економски придобивки за земјите од регионот“, се наведува.

Инвестирањето во зелена транзиција и подобрувањето на квалитетот на животот во градовите од Западен Балкан, исто така, може да помогне во зајакнувањето на растот во регионот, се вели во извештајот на Светска банка.

Извештајот дава препораки за активности во три главни области за зелена економија и зајакнување на градовите од Западен Балкан.

„Прво, градовите треба да станат покомпактни, што ќе го фаворизира растот, ќе ги намали трошоците за обезбедување јавни услуги и ќе ги подобри еколошките резултати. Второ, реформите и инвестициите за проширување на системот за јавен транспорт и преминување кон позелени, енергетски поефикасни згради ќе го намалат загадувањето на воздухот што предизвикува прерана смрт на илјадници луѓе во регионот секоја година. Трето, екстремните горештини во градовите, каде што температурата во лето е за 4,5 до 7,5 степени повисока отколку во околните рурални средини, негативно ќе се одрази на продуктивноста и здравјето на луѓето. Градските власти треба да донесат мерки за разладување на физичкиот простор преку подобри урбанистички решенија и насочени инвестиции“, се наведува во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе…

"На 8 мај само вие, со моќта…

Борел: Ако не е западното оружје, Украина…

Високиот претставник на Европската унија за надворешна…

Вечерна ,,ДИЗЕЛ” математика со Амар Мециновиќ: 64…

Вечерна ,,ДИЗЕЛ" математика со Амар Мециновиќ. -…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Трамп сака земјите членки на НАТО да…

Доналд Трамп ги разгледува можностите да ги…