Експертите предупредуваат: 5 работи што никогаш не треба да му ги кажете на ChatGPT

t

Користењето на ChatGPT и другите чет-ботови со вештачка интелигенција стана дел од секојдневието на милиони луѓе.

Но, експертите за приватност предупредуваат дека корисниците често ја потценуваат количината и чувствителноста на информациите што можат да ги споделат при разговор со вештачка интелигенција.

Според експертите цитирани од „Хафпост“, постојат пет категории информации со кои корисниците треба да бидат особено внимателни.

Податоци со кои може да бидете идентификувани

Целосното име, адресата на живеење, телефонскиот број и броевите од официјалните документи, како пасош или возачка дозвола, се сметаат за лични податоци со кои може да се идентификува одредено лице.

Експертите предупредуваат дека нивното споделување со чет-бот може да создаде ризик податоците да бидат зачувани или обработени на начини што би можеле да ги изложат корисниците на кражба на идентитет, измами преку „фишинг“ или користење на податоците од страна на други лица.

Интимни детали од личниот живот

Разговорот со чет-бот може да изгледа поинтимен отколку традиционалното пребарување на интернет, бидејќи вештачката интелигенција директно комуницира со корисникот.

Според експертите, тоа може да создаде лажно чувство на сигурност и да ги натера луѓето да бидат поспремни да споделуваат многу лични информации.

Вашите медицински информации

Анкета од 2024 година покажа дека едно од шест возрасни лица најмалку еднаш месечно користи чет-ботови со вештачка интелигенција за здравствени информации и совети, според здравствената организација „KFF“.

Тоа може да биде корисно при справувањето со здравствени проблеми, но носи и ризици за приватноста, а да не ги споменуваме и сомнежите во точноста на информациите.

Избегнувајте да споделувате лични медицински детали – вклучително и вашата медицинска документација – со чет-бот со вештачка интелигенција. Доколку внесувате здравствени податоци во разговорот, задолжително отстранете ги информациите со кои може да се идентификувате од вашите прашања.

Доверливи информации поврзани со работата

Ако размислувате да користите чет-бот за да си помогнете на работното место, бидете внимателни. Не внесувајте интерни деловни податоци или извештаи, податоци за клиенти, изворен код или што било заштитено со договор за доверливост

Многу платформи за ВИ работат на споделена инфраструктура и, и покрај високото ниво на безбедност, вашите внесени податоци сепак може да бидат зачувани за „подобрување на моделот“, велат експертите, предупредувајќи дека едно единствено прашање што содржи чувствителни податоци може да претставува прекршување на регулаторните или договорните обврски.

Вашите финансиски информации

Вашите платни списоци, информации за банкарски и инвестициски сметки, како и податоци од кредитни картички, не треба да се споделуваат со чет-бот, советуваат од Одделот за информатичка технологија на Универзитетот во Кентаки.

„Иако вештачката интелигенција може да понуди општи финансиски совети, побезбедно е за личните прашања да се консултирате со финансиски советник, за да се избегне ризикот од хакирање или злоупотреба на податоците“, се наведува во објава на веб-страницата на универзитетот.

Истото важи и за вашите даночни пријави и други документи поврзани со приходите. Ако овие документи бидат изложени, тие може да бидат искористени за уцена, измама или таргетирани напади со социјален инженеринг врз вас или вашето семејство, предупредуваат ескпертите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експертите предупредуваат: 5 работи што никогаш не…

Користењето на ChatGPT и другите чет-ботови со…

Конгресмен од Висконскин се спаси со пливање…

Американскиот конгресмен од Висконсин, Том Тифани, помина…

Филмска сцена кај Блаце: Криумчари влечеле полицаец,…

Драматичен инцидент се случил во близина на…

Од Центар до Аеродром за 8 минути:…

Скопје напролет ќе започне со изградба на…

Пијан тетовец си го претепал својот татко

Синоќа во 21:00 часот на улицата „Ленин“…