Експерти за криминалистички и технички вештачења ќе истражуваат од што се запали кумановскиот суд
Експерти за криминалистички и технички испитувања и вештачења ќе ги испитуваат причините за пожарот што изби во подрумските простории на Основниот суд во Куманово, а во кој е сместена дел од архивата, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Центарот за обука во Идризово.
Министериот вели дека сè уште не може да се каже што се е зафатено од пожарот, затоа што противпожарните екипи уште се на терен и работат на негово локализирање.
– Во моментот не може да кажеме што точно е зафатено од пожарот бидејќи според најновите информации сè уште трае гаснењето. Ние ги активиравме сите служби. Заминаа и началници и раководители од Одделот за криминалистички и технички испитувања и вештачења од Скопје за да може да се направи увид и да видиме кои се причините и што точно е зафатено со пожарот – рече Спасовски.
Пожарот во судот во Куманово избувнал ноќеска, час и половина по полноќ, а во гаснењето учествуваа седум пожарникари со две противпожарни возила. Пожарникарски камиони и денеска цел ден се околу зградата на судот. Според пожарникарите, просториите што се полни со хартија тешко се гаснат. Потребно е време за целосно гаснење затоа што огнот во длабоката хартија тлее и повторно се разгорува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пукање во близина на Белата куќа: Четири…
Четири лица се повредени во пукање што…
Џенсен Хуанг ја напушта Енвидија по 33…
Џенсен Хуанг поднел оставка од функцијата извршен…
Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со…
Еден тон подмладок од крап денес е…
76-годишник удрил пешак па избегал, но набргу…
На 11.11.2026 околу 13:05 часот во СВР…
16-годишна малолетничка ги пријавила родителите за семејно…
Полицијата извршила службен разговор со 53-годишен маж…