Експертските групи од МНР на Македонија и на Бугарија се состанале во Софија – еве за што се разговарало

t

Експертските групи од министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија одржале состанок во Софија, а кон крајот на септември се очекува да имаат нов состанок во Скопје.

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека ова е добар почеток во комуникацијата со соседна Бугарија после кризата во односите меѓу двете држави пред неколку месеци.

-Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, се разговараа сите аспекти на билатералната соработка помеѓу двете држави и ќе продолжуваат со поголем интензитет овие средби. Мислам дека веќе на крајот на септември може да биде наредната средба во Скопје. Продолжуваме со поредовна комуникација, бидејќи секогаш тезата ни била дека доколку ние не комуницираме, ќе дозволиме други да комуницираат, рече Османи на денешната прес-конференција.

Оваа работна група, како што посочи, ќе се договори кога ќе се активираат секторските групи. – Најважно беше да се вратиме во една нормална комуникација бидејќи во последните месеци, за жал, комунициравме преку медиуми, соопштенија …, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…