Експерт објасни зошто беше поништен голот на Шешко против Реал Мадрид!

t

На самиот почеток од првото соочување меѓу РБ Лајпциг и Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, Бенџамин Шешко стрелаше во мрежата на „кралевите“, но неговиот гол беше поништен и предизвика многу полемики.

Иако Словенецот не беше во недозволена позиција, беше проценето дека Бенџамин Хенрикс му пречеше на голманот на Реал, Андриј Лунин, што ги спречи домашните предвреме да слават.

На почетокот многумина беа збунети од оваа одлука на судиите во ВАР-собата, но Павел Фернандез за „Марка“ ја анализираше оваа ситуација.

„Голот беше оправдано поништен поради офсајд на Хенрикс. Германецот не беше тој што шутираше, но јасно е дека му пречеше на голманот. Офсајд поради туркање на противникот”, изјави Павел Фернандез.

И на оваа средба нашиот Ељиф Елмас не се најде во стартниот состав на германскиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЕ РАСПАЃА ДОГОВОРОТ МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН?…

Договорот за испорака на руски дизел во…

Во изминатото деноноќие 19 кривични дела „безобѕирно…

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…

„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…

Со едноминутно молчење во знак на почит…