Објавено на:

Експерт од ОН вели дека Палестинците чекаат да умрат во болниците во Газа: Нема вода и струја

t

Ранетите Палестинци умираат од нетретирани рани во преполните болници во Појасот Газа во услови на колапс на здравствениот систем.

Ова е став на експертот за здравствени вонредни состојби на Обединетите нации (ОН), Шон Кејси. Тој синоќа на прес-конференција во седиштето на Обединетите нации кажа дека бил сведок на влошување на ситуацијата и дека во болницата Ал-Ахли во градот Газа видел луѓе како лежат на „црковни клупи, во основа чекајќи да умрат, во болница што нема гориво, нема струја, нема вода“, има многу малку медицински материјали и само мал број преостанат персонал да ги негува. Ал-Ахли е единствената христијанска болница во Газа и единствената што лекуваше пациенти со канцер. 

Кејси, кој е службеник на Светската здравствена организација (СЗО), неодамна се врати од Газа, каде што помина пет седмици обидувајќи се да добие повеќе персонал и материјали за 16 делумно функционални болници.

Болницата Шифа во северниот дел на градот Газа, некогаш водечка болница на територијата, со 700 кревети, сега лекува жртви на траума и е полна со луѓе што ги напуштиле своите домови и живеат во операциони сали, ходници, на скали, изјави претставник на СЗО.

Како што објасни, по пет-шест лекари или медицински сестри дневно примаат стотици пациенти, претежно жртви на трауми, а на подот има толку многу пациенти што тешко се поминува без да им се згазне на рака или нога.

Минатата недела Кејси го посети медицинскиот комплекс Насер на југот во градот Кан Јунис, кој има 200 отсто зафатеност на креветите и само 30 отсто од персоналот, а пациенти лежат насекаде, на подот и по ходниците.

Тој оцени дека пред сѐ е потребен прекин на огнот за помош на ранетите Палестинци, кои ги има околу 60.000, а секој ден пристигнуваат по неколку стотици нови, покажуваат податоците на Министерството за здравство во Газа. Во Газа загинаа над 45.500 Палестинци. Палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври лани го нападна Израел. Нивната цел е формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим. Шефот на руската дипломатија,  Сергеј Лавров денеска се заложи за создавање палестинска држава, зборувајќи за ситуацијата во Газа на годишната прес-конференција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Небензја бара меѓународна истрага за случувањата во…

Неопходна е независна меѓународна истрага за откриените…

Нетанјаху: Нападот на Рафа ќе се случи…

Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе…

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Тел Авив го повика Меѓународниот кривичен суд…

Израелските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд…

Папата Франциск: Мировни преговори во Украина и…

Папата Франциск апелираше да започнат мировни преговори…