Објавено на:

Експерт од Торино ја открива тајната на Новак: Неговиот рекет е еден од најчудните

t

Новак Ѓоковиќ дели посебна врска со своите рекети. И за време на завршниот мастерс во Торино беше откриена најнеобичната карактеристика на опремата на 24-кратниот Грен слем шампион.

Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната седма титула на турнирот на најдобри играчи во сезоната. А по завршувањето на натпреварувањето во Торино, откриена е тајната на успехот на српскиот тенисер.

Имено, Марко Росани, стручњак за распон на рекет, зборуваше за искуството кое го имал со првиот светски рекет.

– Не работиме со рекетите на Ѓоковиќ, тој има свој сервис – откри Росани.

– Но, имав можност да му ги преправам рекетите и во други прилики, на пример на Вимблдон. Неговиот рекет е персонализиран, специјално прилагоден. Има многу олово, мора да е едно од најчудните што може да се види.

Искусниот стручњак откри и каква е ситуацијата со другите тенисери.

– Овде во Торино, меѓу рекетите што ги видов, не забележав некои особени необичности, особено затоа што тенденцијата е тие да бидат што е можно полесни. Луѓето често мислат дека рекетите се екстремно тешки, но во реалноста играчите треба да можат многу лесно да се справат со нив, па затоа тежината треба да биде што е можно пониска за да се избегнат физички проблеми.

Потсетуваме, најдобриот светски тенисер моментално се наоѓа во Малага каде ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Србија на завршниот турнир од Дејвис купот. Противник на избраниците на Виктор Троицки во четврт-финалето ќе биде селекцијата на Велика Британија во четврток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Експерт од Торино ја открива тајната на…

Новак Ѓоковиќ дели посебна врска со своите…

Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…

Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…

Флуминенсе првпат јужноамерикански шампион

Во финалето на култната „Маракана“ во Рио…

Ѓоковиќ: Едвај се спасив – ме давеше…

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, се…

Ѓоковиќ лесно до осминафиналето на Мастерсот во…

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ вечерва го…