Експлозии одекнаа во Киев, Русите извршиле напад со крстосувачки и хиперсонични ракети
Рано утринава одекнаа експлозии во главниот град на Украина Киев, јавуваат локалните медиуми.
Украинската правда наведува дека детонации биле регистрирани и во регионот Хмелницки.
Руските сили извршиле симултан напад од морето со крстосувачки ракети Калибри, како и со хиперсонични ракети Кинжал лансирани од борбени авиони МиГ-31К. Напад бил извршен и со дрон Шахид.
За време на тревогата за опасност од воздух во регионот Хмелницки, првите експлозии се слушнале во четири часот утринава, а последниот трет удар бил нешто по пет часот.
Укринформ ја пренесува објавата на Микола Олешук, командант на воздухопловните сили, кој презентирал информации за рускиот напад на мрежата Телеграм.
Тој изјави дека украинските сили за воздушна одбрана собориле пет проектили и 23 беспилотни летала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Автобусите и камионите под засилена полициска контрола…
Автобусите и товарните возила се под засилена…
Трамп, Путин и Си во заедничка изјава:…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, рускиот претседател…
Прилично глупав потег е тоа што потрошив…
Илон Маск изјави дека се чувствува „прилично…
Светско признание за „Безбеден град“ – Тошковски…
Македонскиот проект за унапредување на сообраќајната безбедност…
Почна вакцинацијата на овците и козите против…
Масовната вакцинација на овците и козите против…