(Видео) Експлозии одекнaа во центарот на Киев, градот нападнат од дронови камикази!

t

Неколку експлозии одекнаа во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите извршија напади врз главниот град на Украина.

Нападот го извршиле беспилотни летала – камикази, соопшти Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

– Русите мислат дека тоа ќе им помогне, објави тој на Телеграм.

Три експлозии биле регистрирани меѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време. Сирените сигнализираа за воздушен напад непосредно пред првата експлозија.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко објави фотографија на Твитер за која тврди дека се остатоци од едно од дроновите камикази кои утрово го нападнаа Киев.

Минатиот понеделник, на 10 октомври, Русите силно го бомбардираа Киев и други украински градови, при што загинаа 19 лица, а беа повредени 105, што предизвика меѓународна осуда. Еден ден подоцна, Русите продолжија со воздушните напади, но со помала жестокост, а нивна главна цел беа енергетски постројки на западот на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО Крива Паланка постапува по напад врз…

Обвинителството во Крива Паланка почна да постапува…

Руска рафинерија гори веќе трет ден

Резервоарите за складирање во нафтената рафинерија во…

Мицкоски со јасна порака до ЕУ: Уставот…

Премиерот Христијан Мицкоски за медиумите пред почетокот…

Серија насилства низ Македонија во изминатото деноноќие:…

Низа случаи на насилство низ земјава биле…

Дел од Скопје без струја – ова…

Голем дел од Скопје вежерва остана без…