Експлозија во северот на Косово!
По полноќ во северниот дел на Косовска Митровица се случи експлозија на раскрсницата од која патот води кон полициската станица, на местото каде пред неколку дена беа поставени безбедносни камери, информираат српските и косовските медиуми.
Од полицијата го потврдија инцидентот и изјавија дека се случил околу 03:00 часот по полноќ, во улицата „Петра Краља“ и дека нема повредени.
Заменик-командантот на полицијата за регионот „Север“, Ветон Ељшани за локалните медиуми изјавил дека во експлозијата биле оштетени електричен столб и автомобил.
„Полицијата го третира случајот како „предизвикување општа опасност““, рече Елишани.
Тој не можеше да прецизира за која експлозивна направа станува збор. Истрагата е во тек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…