Објавено на:

Експлозија пред Масонската ложа во Атина

t

Мал импровизиран механизам експлодираше рано утрово во центарот на Атина пред Масонската ложа на Грција, без притоа да има повредени или поголема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

На малата експлозија и претходел анонимен предупредувачки повик на бројот 112 за итни случаи, меѓутоа без да биде даден конкретен временски рок за експлозијата, по што веднаш полицијата го затворила просторот, а кусо подоцна експлодирал импровизираниот механизам.

Експлозијата била со мала јачина и предизвикана е мала материјална штета, во главно на ѕидот од објектот.

Полицајците од Секторот за уништување експлозивни направи пронашле и сомнителна кутија, по што била извршена контролирана експлозија за да се неутрализира евентуалната втора бомба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за…

Украинската – Врховна рада (парламент) го усвои…

Срдановиќ: „Студентската листа“ ќе биде фактор за…

Суштината на движењето што го започнаа студентите…

Рама повторно повика на дијалог

Премиерот Еди Рама, уште еднаш го повтори…

Дневниот весник на РТВ Војводина започна со…

Дневните вести на Радиотелевизија Војводина во 17…

Британскиот министер за одбрана: Имаме 1.000 дена…

Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, предупреди…