ЕКСПРЕСНА ТУРНЕЈА НА СТОЛТЕНБЕРГ НА БАЛКАНОТ Клучните разговори генсекот на НАТО ќе ги одржи во Скопје
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Македонија на 21 и 22 ноември, соопшти Алијансата.
На 21 ноември Столтенберг ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а истиот ден ќе одржи и говор во македонското Собрание.
На 22 номеври Столтенберг ќе има заденичка прес-конференција со регионалните сојузнички лидери, се вели во соопштението на НАТО.
Владата соопшти дека генералниот секретар на НАТО Столтенберг и премиерот Ковачевски ќе ги примат албанскиот премиер Еди Рама, хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и словенечкиот премиер Роберт Голоб.
Турнејата низ земјите од Западен Балкан шефот на НАТО ќе ја започне в недела попладне со посета на Сараево. В понеделник генсекот на НАТО ќе замине во Приштина. Во вторник ќе престојува во Белград, а четиридневната турнеја низ Западен Балкан ќе ја заврши со посетата на Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…
Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…
САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…
САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…
Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…
Во тек е интервенција на пожарот во…
„Август е проклет месец“: Путин под притисок…
Украина му го отежна животот на Владимир…