Објавено на:

Експресно разрешен српскиот министер кој бараше да се воведат санкции за Русија

t

Министерот за економија на Србија, Раде Баста, кој постојано се залагаше за воведување санкции против Русија, на денешната седница е разрешен од должноста во Владата на Србија и останува српското Собрание да ја потврди таа одлука, вели Драган Марковиќ Палма, лидерот на Единствена Србија чиј член е Баста, за Спутник.


Владата го разреши Баста на барање на првиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ и Драган Марковиќ Палма.


„Министрите на денешната смена го прифатија мојот предлог Раде Баст да биде разрешен и практично денеска да му заврши мандатот во Владата на Србија. Формално, бидејќи Народното собрание ги избира членовите на Владата, овој предлог за разрешување ќе треба да оди пред пратеници, но владејачката коалиција е обединета во намерата да го смени Баста, па тука е крајот“, изјави Палма за Спутник веднаш по седницата на Владата.


Да потсетиме, Баста како министер постојано се појавуваше во јавноста со ставови кои не ја одразуваат официјалната политика на Владата на Србија, па Марковиќ како претседател на партијата Единствена Србија која го предложи за таа функција побара од него да поднесе оставка.
Претседателот на СПС Ивица Дачиќ го имаше истото барање како коалиционен партнер на Единствена Србија.

Добивајте ги најновите вести во нашите групи на Вибер и Телеграм и дебатирајте во Телеграм групата за дебата на Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес ја погоди Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според…

Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…

Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…

„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…

Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…

(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац –…

Во знак на протест поради рестрикциите на…