Екстрадицијата на Палевски нема да биде брза како што очекува јавноста

t

Откако доцна синоќа бегалецот Љупчо Палевски Палчо беше уапсен во турскиот град Баликесир, експресно Основното јавно обвинителство и Министерството за правда ги подготвија барањата за екстрадиција заедно со барањето Палчо да остане во екстардициски притвор се до завршување на процедурата. Сепак неизвесно е за кој временски период Палчо би можел да биде донесен во држава со оглед на тоа што Македонија и Турција со оглед на тоа освен правно формалните елементи постојат и политички реперкусии кои можат да ја одолговлечат постапката.

Исто така, според професорот Калајџиев доколку Палчо беше уапсен во некоја членка на европското семејство ќе беше донесен во земјава за краток временски период бидејќи земјите членки имаат меѓусебна доверба.

„Со Турција имаме послоевита процедура која не е толку брза колку што се надева јавноста’, вели Калајџиев за Канал 5.

Како што објаснува Калајџиев, откако формално ќе се испрати барањето се бара и ескрадициски притвор за осомниченото лице. Рокот е 18 дена во покомплицирани случаи може да трае најмногу до 40 дена.

Имаме меѓународни билатерални договори со Турција, имаме Европска конвенција, имаме домашни закони што покриваат празнини за делот од процедурата тука и таму, вели Калајџиев.

Според објаснувањето на професорот, нивната процедура бара прво локален суд да одлучи за самото апсење. Потоа за самата екстрадиција кон Македонија одлучува висок Кривичен суд, таканаречен сериозен суд или суд за тешки кривични дела.

Ако судот го пушти, политички не може веќе да биде екстрадиран, значи има двоен филтер, а ако судот одобри екстрадиција има право на жалба. Па после почнува административниот дел,  кадешто кај нив за разлика од многу држави  кадешто одлучува само министерот за правда, на барање на министерот за правда одлучува министерски совет, вели Калајџиев.

Според него, роковите се кратки и некаде за околу 2 до 3 месеци целата постапка би требало да се заврши.

Вообичаено доколку би било некое најобично убиство не би очекувал проблеми. Таму кадешто има политички реперкусии, знаете со „Монструм“ знаете секогаш имаме една таква страна сензитивна. Има повеќе услови од правни и формални домалку софистицирани и политичките коишто се тешко мерливи, политичкиот дел зависи од многу работи од тој аспект е многу важно каква е традицијата со државата од која се бара есктрадицијата.

Од Министерството за правда информираат дека од досегашната пракса нашата држава немала никакви проблеми со екстрадициите до Турција. Министерството побарала од турските власти, Палевски да биде сместен во екстардициски притвор се додека не заврпи постапката и не биде изведен пред македонските судови и лицете на правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…