Екс-градоначалникот на Охрид, Бакрачевски: Загрижен сум и разочаран од согласноста на опозицијата за уставни измени

t

Екс градоначалникот на Охрид и познат хирург, Никола Бакрачевски на социјалните мрежи ирази голема загриженост по одлуката на Христијан Мицкоски да се излезе на референдум за спорот со Бугарија.

-Мојата загриженост и разочараност произлегува од сега веќе евидентната согласност на опозицијата за уставни измени. Не дека тоа не го претпоставував одмана, но еве сега да немаме дилеми. Дали треба референдум или како ќе гласи референдумското прашање за менее е малку важно или неважно, кога сите знаеме дека оваа Влада ( судејќи по исходот на последниот референдум) нема да ги почитува резултатите од него, ако не се според нејзината замисла.

П.С. А дали би излегол да гласам и како би гласал никој нека нема дилеми. И сега и секогаш во иднина против секое загрозување на македонскиот идентитет и достоинство!!! Никогаш сум немал „две лица“: едно за во јавност, друго зад затворени врати. Така и во иднина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ ја спасува Македонија од пластичен отпад…

Европската унија од денеска, 21 ноември, го…

Петрушевски: Денес нема неисплатени обврски во АРМ,…

Пратеникот Бране Петрушевски од Собранието порача дека…

Иран сака крај на војната, но бара…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи,…

ОЈО бара притвор за таткото кој пијан…

Основното јавно обвинителство Куманово, постапувајќи по кривична…

Зеленски го нарече Путин „убиец“ откако Трамп…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир…