Екс градоначалникот на Ѓорче, Наумоски, доби кривична пријава: Го сомничат за злоупотреба на службената положба

t

Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против ексградоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски. Министерот Панче Тошковски објави дека Наумоски се сомничи за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Според Тошковски, ексградоначалникот ги пречекорил границите на своето службено овластување, па рекоструирал игралиште на средно училиште, иако тоа не било негова надлежност.

„Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен Градоначалник на една скопска Општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” согласно член 353 од КЗ.

Имено, истиот на ден 04.08.2021г. со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес по спроведена постапка за јавна набавка на работи – реконструкција на спортски игралишта на територија на Општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортското игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје.

На тој начин пријавениот го оштетил Буџетот на општината за износ од 662 885 денари кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава“, објави техничкиот минситер Панче Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мухамед Зеќири доби вкупно 19 месеци затвор…

Една година и седум месеци затвор е…

ТРАМП ГИ ОЛАБАВУВА САНКЦИИТЕ КОН РУСИЈА: Индија…

Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп привремено…

Полициски час во делови од Париз и…

По протестите и немирите, властите во Париз…

ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ СТАНУВА ПОМОРСКО БОЈНО ПОЛЕ: Најмалку…

Безбедносната ситуација во Ормускиот Теснец дополнително се…

ПУТИН ПРЕДЛОЖИЛ ТАЕН ДИПЛОМАТСКИ МАНЕВАР: Трамп, Путин…

Рускиот претседател Владимир Путин предложил одржување трилатерален…