Екс директорот на болницата во Кичево вели дека не го украл ехо апаратот: Тој е голем колку врата
Станко Трпески, поранешен директор на болницата во Кичево, ја негира објавената вест дека полицијата пронашла украден ехо-апарат во неговиот дом. Тој за „Слободен печат“ истакнува дека апаратот никогаш не ја напуштил болницата, а полиција не дошла во неговиот дом.
„Ова е шокантно и штетно за мојата репутација. Апаратот никогаш не го земав, ниту ми беше потребен. Тој е голем колку врата и има баркод, па ако навистина бил присвоен, лесно би бил пронајден“, вели Трпески. Според него, обвинението е дел од политички организирана хајка која има за цел да го оштети неговото име.
Трпески додава дека апаратот целосно останал во болницата и не можел да биде изнесен без да биде забележан, бидејќи целата болница е покриена со камери.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…