Екс потпретседателот на СДСМ се оградува од СДСМ, превртувал очи од партијата

t

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, во утринската емисија на Телма денеска изјави дека во неговата нова книга наречена „Што ќе кажат другите“ има многу пиканетрии од неговиот живот во владејачката партија.

ПР-експертот во студиото рече дека во последната фаза апред да си даде оставка на партиската функција и како директор на Фондот за иновации и технолошки развој „превртувал очи“, пренесува Фактор.

-Кога сме во поинтимен форум нема да бидам некој кој лажно ќе ракоплекса. Влегов романтично во политиката, да менувам, верував во промени, но како ја спознавав партијата се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години. Тоа во фаца ми го кажуваа – ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мега успешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рече Петров.

Тој вели дека претходно четири месеци преговарал со СДСМ за да влезе во политиката, но потоа се соочил со реалноста.

-Првичната идеја беше да бидам потпретседател на владејачка партија и советник за ПР, но не знаеја што да прават со мене. Четири месеци ми се додворуваа, јас ги одбивав, им велев дека нема шанси, сметав дека таа функција треба да му се даде на некој од партијата. Одлуката ја донесов два часа пред да се одберат потпретседатели. Првичната идеја беше да креираме нова ПР стратегија бидејќи сметав дека не им е на ниво тоа што беше, но од одредени структури на партијата немаше желба за промени, а јас не сум таков да им кажувам на сите дека се добри, вели Петров.

Подолго време размилувал да си даде оставка, но нов момент бил почетокот на пандемијата.

-Започна ковид кризата, го раководев економскиот совет во партијата за економските пакети, формиравме една група од 15 економисти експерти па ми се врати повторно надежта, ја доловува атмосферата Петров.

Неговиот заклучок е дека главниот проблем е апатијата во која секој смета дека ништо повеќе не може да се промени во општеството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+Видео) Ова се доказите за соработката помеѓу…

Maкедонската јавнос е во шок по деталите…

Добри вести од соседството, пронајдена e Сара!…

Пронајдена е Сара П.(17) од Борча која…

Koнечно искрен политичар: Не верувајте на сѐ…

Не верувајте во сѐ што ви кажуваме.…

Не за џабе ја нарекуваат Белата Палата:…

Истакнат член на партијата и близок човек…

(Видео) ПЕРО АНТИЌ „МУ ГО ЧУВА ГРБОТ“…

Поранешниот прославен македонски кошаркар и актуелен претседател…