Екс-репрезентативец на Холандија осуден за шверц на повеќе од ЕДЕН ТОН дрога

t

Квинси Промес своевремено беше „барана роба“, а во топ пет лигите играше само за Севиља. Холанѓанецот сега се соочува со големи проблеми, откако судот во неговата земја го прогласи за виновен на 1,3 тона кокаин.

Станува збор за инцидент од 2020 година, за пратка на аеродромот во Антверпен. Полицијата успеа да го поврзе Промес со ситуацијата, таа година беше и уапсен, а потоа беа пронајдени и други докази дека тој е организатор на шверцот. Судот во Холандија прво бараше девет години затвор, а на крајот му пресуди шест.

Сепак, Промес живее и игра фудбал во Москва за екипата на Спартак. Ова е негова втора епизода во Русија, а засега нема индиции дека државата ќе го екстрадира за да се соочи со казната. Фудбалерот дури и доби посебна дозвола за престој во Обединетите Арапски Емирати за зимските подготовки на Спартак.

Кариерата на Квинси Промес преку Твенте и Го Ахед Иглс го одведе во Спартак. Во 2018 се пресели во Севиља, а од 2019 до 2021 година играше во Ајакс пред да се врати во Москва. За репрезентацијата на Холандија тој одигра 50 натпревари и даде седум гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…

Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…

САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…

Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…

Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…

ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…