ЕК: Бугарија сè уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната
Европската комисија денеска соопшти дека Бугарија се уште не исполнува два од условите за влез во еврозоната. Бугарија не ги исполнува индикаторите за стабилност на цените и законодавството целосно усогласено со правилата на ЕУ.
Од Комисијата појаснуваат дека во најсиромашната членка на ЕУ инфлацијата на потрошувачките цени е нерамномерна.
Според бугарски медиуми, последните податоци за Бугарија покажуваат висока инфлација предизвикана од растот на цените на енергенсите.
Следниот извештај се очекува да покаже позитивна промена следната година, бидејќи инфлациските притисоци се сметаат за привремени и се очекува значително да паднат. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…
Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…