ЕК извештајот објективна слика за состојбите – „Црно е црно, а бело е бело, не можеме да менуваме ништо“, вели државниот советник Тилев

t

звештајот на ЕК за напредокот на Македонија е објективна слика за состојбите во државата, не само, на состојбите туку на се она што се случувало во изминатите 365 дена. Ова го изјави државниот советник во секретаријатот за Европски прашања, Драган Тилев во неговото гостување во ТВ21 Анализа. Тој вели дека извештајот е подготвен од страна на професионални и објективни институции, кој може да се користи како патоказ за во иднина. Според него извештајот треба да се чита и како стартна позиција или основа за план за реформи, во оние области кои што ЕК ни ги сугерира како партнер.

Сепак, според Тилев во целиот извештај има две мерила на кои треба да се обрне внимание. Првото е нивото на усогласеност, а второто е прогресот, односно напредокот во изминатите 365 дена.

Во однос на прогресот, како што вели Тилев направена е компарација со шесте земји од Западен Балкан кои го добија извештајот и на оваа листа сме на третото место. Тој вели дека прогресот е успорен во сите земји, па нотирано е и кај нас дека немаме доволно брз прогрес во споредба со минатата година.

За најчестата формулација дека нема напредок или ограничен напредок, која се употребува во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија, Тилев вели дека нема да го оспорува тоа, но сепак додава дека во последната година има одредено успорување во прогресот, но нема намалување во вкупната подготвеност на Македонија за старт на преговори со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…

Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…

САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…

Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…

Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…

ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…