ЕК: Нема пречки Путин да ја посети Унгарија
Европските санкции не вклучуваат забрана за рускиот претседател и министерот за надворешни работи да ја посетат Европската Унија, па затоа нема пречки за патувањето на рускиот лидер Владимир Путин во Унгарија, изјави Анита Хипер, портпаролка на Европската комисија.
„Санкциите на ЕУ вклучуваат одлука за замрзнување на средствата на рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, но тие не вклучуваат забрана за нивно патување на територијата на ЕУ, па затоа од оваа перспектива нема пречки (за одржување на самитот во Унгарија)“, рече таа.
Во исто време, портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, нагласи дека дозволата авионот на рускиот претседател да лета низ воздушниот простор на земјите-членки на ЕУ на пат кон Унгарија мора да ја дадат владите на тие држави. Претходно, Трамп објави дека е постигнат договор во телефонски разговор со Путин за средба наскоро во Будимпешта.
Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, потврди дека Москва и Вашингтон веднаш ќе почнат да се подготвуваат за нова рунда разговори меѓу двајцата лидери, што тој го опиша како „навистина многу важен момент“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…
Русите го нападнаа Криви Рих, убиени се…
Две лица, меѓу кои и седумгодишно момче,…
Неидентификуван објект паднал во Полска по рускиот…
Полските безбедносни служби истражуваат пад на неидентификуван…
Унгарија ќе го повлече ветото за отворање…
Унгарија се очекува да го повлече ветото…