ЕК обезбедува заем од 50 милиони евра за Македонија за продолжување на реформите
Европската комисија објави дека обезбедила заем од 50 милиони евра за Македонија за справување со економските последици од неодамнешната енергетска криза предизвикана од руската инвазија на Украина.
-Заемот ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди понатамошни реформи поврзани со програмата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија. На тој начин земјата ќе добие поддршка да напредува на патот кон ЕУ, се наведува во соопштението.
Според ЕК, Македонија ги исполнила политичките обврски договорени со ЕУ за доделување на оваа поддршка.
-Земјата постигна напредок со формирањето на независен фискален совет за буџетот и со подобрување на управувањето со буџетските инвестиции. За зголемување на буџетските приходи, земјата усвои мерки за проширување на даночната основа. Владата исто така направи дополнителен напредок за олеснување на економијата и презема мерки за енергетска ефикасност и го зајакна судството со нова стратегија за реформи во правосудството, се додава во соопштението.
Од Комисијата појаснуваат дека со продолжување на реформите се предвидува Скопје да добие уште 50 милиони евра по оваа програма. Од 2020 година, ЕУ ѝ исплатила на Македонија околу 210 милиони евра, вклучувајќи ја и сумата објавена денеска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…