Објавено на:

ЕК предлага ревизија на буџетот на ЕУ заради Украина и миграцијата

t

Европската комисија денеска предложи буџетот на ЕУ да се ревидира за да се задоволат потребите на Украина, за управување со миграцијата и да се одржи конкурентноста на економијата. Планирано е во следните четири години за Украина да бидат наменети 50 милијарди евра, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа појасни дека средствата доделени на Киев ќе бидат обезбедени неповратно и во форма на заеми.

Фон дер Лејен истакна дека овие трошоци не биле вклучени во буџетот при неговото изготвување.

„Далеку сме од условите под кои беше договорен повеќегодишниот буџет на ЕУ до 2027 година“, рече претседателката на ЕК.

Според неа, Комисијата веќе морала да пренасочи суми од кохезивните фондови за да ги обезбеди како помош за земјите што ги примиле украинските бегалци.

„Досега Украина има добиено 30 милијарди евра помош“, додаде Фон дер Лајен.

Таа повика и да се обезбедат 15 милијарди евра за заштита на надворешните граници на ЕУ и за земјите од кои доаѓаат мигрантите.

Фон дер Лајен рече дека пакетот помош ќе обезбеди перспектива и сигурност на украинските партнери на Унијата.

Најавата доаѓа пред меѓународната конференција во Лондон оваа недела, чија цел е да се соберат дополнителни средства за обнова на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Песков: Путин и Трамп не разговарале за…

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски…

Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“:…

На денот на парламентарните избори, израелскиот премиер…

Се огласи сопругата на Александар Вучиќ: Нешто…

Сопругата на Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ, се…

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во…

Европската интеграција на Србија и дијалогот за…

Екс директорот на ФБИ – Бонџино ги…

Поранешниот заменик-директор на ФБИ, Дан Бонџино, ги…