Електронски паричник од четврток: Личната карта и возачката ќе бидат достапни на телефон
Граѓаните наскоро ќе можат да ги користат личната карта и возачката дозвола и во дигитална форма, преку мобилниот телефон, без потреба секогаш да ги покажуваат физичките документи и сите податоци што ги содржат. Електронскиот паричник официјално ќе биде промовиран во среда, на 28 октомври, а неговата примена е најавена за четврток.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посочува дека апликацијата е развиена со посебен акцент на безбедноста и заштитата на личните податоци. Корисниците ќе имаат контрола врз информациите што ги споделуваат, односно сами ќе избираат кои податоци ќе ги откријат при идентификација во банка, угостителски објект или на друго место.
Споделувањето ќе се врши преку QR-код за еднократна употреба, кој ќе се генерира во апликацијата. Другото лице ќе може да ги добие податоците само со дозвола на корисникот, а кодот ќе биде активен од 10 до 15 секунди, по што истекува и не може повторно да се употреби.
Според Андоновски, електронскиот паричник е прв чекор кон поширока дигитализација на документите и услугите. Планот е во следниот период апликацијата да се надградува со дополнителни можности, услуги и нови документи.
Целта е постепено приближување кон европскиот дигитален паричник, кој треба да овозможи поголем број документи да се користат во дигитална форма и да им го олесни пристапот на граѓаните до услугите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одзел туѓ паричник и си трошел пари…
Полицијата поднесе кривична пријава против 50 годишник…
Од догодина уверенијата за државјанство ќе се…
Уверение за државјанство од догодина ќе може…
Џепчија дрско украл паричник во ГТЦ: Извадил…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…