Објавено на:

Елизабета Втора: Кога станува збор за тоа како да се одбележат 70 години не постои водич што треба да се следи

t

Британската кралица Елизабета Втора после вчерашниот јубилеј беше почестена и длабоко воодушевена од бројот на луѓе кои излегоа на улиците да го прослават нејзиниот платинест јубилеј на крајот од четиридневната прослава по повод 70-годишното владеење.

„Кога станува збор за тоа како да се одбележат 70 години на владеење на вашата кралица, не постои водич што треба да се следи. Ова е навистина првпат. Но, јас сум почестена и длабоко трогната што толку многу луѓе излегоа на улиците за да го прослават мојот платинест јубилеј“, истакна кралицата Елизабета Втора во соопштение објавено од Бакингемската палата.

„Иако можеби не присуствував лично на секој настан, моето срце беше со сите вас и останувам посветена да ви служам најдобро што можам, со поддршка од моето семејство“, истакна британската кралица.

Кралицата Елизабета Втора на последниот ден од прославите по повод 70-годишнината од нејзиното стапување на тронот, накратко се појави на балконот на Бакингемската палата за да ги поздрави насобраните луѓе.

Кралицата (96) во својата палата беше придружена од синот Чарлс, внукот Вилијам, нивните сопруги и деца. Тогаш се огласи и британската химна „God save the queen“.

Елизабета Втора ги ограничи своите настапи во последните месеци поради проблеми со одењето. Досега таа се појави само два пати во текот на четиридневната празнична програма.

Таа ги поздрави илјадниците луѓе собрани пред палатата на крајот од парадата, на која присуствуваа над 100 национални познати личности како пејачот Ед Ширан и бившиот фудбалер Гери Линекер.

Елизабета Втора се искачи на тронот во 1952 година, кога имаше 25 години. Таа е британскиот монарх со најдолго владеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Шест од десет Британци сакаат државата да…

Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…

Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…

Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…

Кралот Чарлс за нападот во воз кај…

Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…

Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…

На британската министерка за внатрешни работи Диана…