Објавено на:

Елмас за вечерашниот бараш за светско: Шансите се 50-50

t

Фудбалерот на Наполи, Елиф Елмас, поради жолти картони нема да може да и помогне на македонската репрезентација на вечерашниот натпревар со Италија во баражот за Светското првенство 2022.

Елмас верува дека неговите репрезентативни колеги можат да направат изненадување и шансите ги проценува на 50-50.

– Искрено, нè очекува многу тежок натпревар. Ги познавам многу добро фудбалерите на Италија. Играат многу поразлично од порано. Многу побрзо, поофанзивно, технички и тактички на врвно ново. Индивидуално се многу силни на секоја позиција. Соиграчите од Наполи велат дека се свесни за тежината на натпреварот. Велат дека воопшто нема да биде лесно меч за нив. Нè анализираат во детали, знаат дека е само еден натпревар, свесни се за нашиот квалитет и не смеат да не потценат. Шансите се 50-50. Верувам во моите соиграчи, знам дека ќе го дадат максимумот и ќе направиме нов, историски успех. Имаме квалитет и ова е нова шанса да се претставиме во најдоброто издание, смета Елмас.

Што се однесува до отсуствата, и Италија има проблеми. Можно е да не настапат и двата столба на одбраната, Бонучи и Кјелини, но Елмас смета дека Македонија треба да го запре средниот ред.

– Одбраната може да биде мал проблем за Италијанците. Фудбалерите кои се стандардни во дефанзивата со години, сега се соочува со повреди. Средниот ред е клучната алка и ако го затвориме тој простор ќе биде проблем за нив, сподели македонскиот креативец.

Натпреварот се игра вечер од 20:45 часот на „Ренцо Барбера“ во Палермо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Маскиран упаднал во обложувалница: Со закана зел…

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…

Тројца уапсени за предизвикување пожар на депонија…

На 17.09.2026 во 19.30 часот на депонијата…

Иран почна масовна мобилизација: Над 600.000 се…

Иран влегува во нова фаза на воена…

Тежок инцидент во Скопје: Малолетник нападнат од…

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди…