Објавено на:

Емирот на Катар предупредува: Мора да бидеме подготвени за најлошото

t

Емирот на Катар, шеик Тамим бин Хамад Ал Тани, повика државните институции и граѓаните да бидат подготвени за најлошите можни сценарија, во услови на сериозна регионална криза и безбедносни ризици.

Обраќајќи се на отворањето на 55. седница на Советот Шура, катарскиот лидер порача дека земјата мора истовремено да ја штити својата сувереност, да го одржува снабдувањето и економијата и да продолжи со дипломатските напори.

„Наша должност е секогаш да се стремиме кон најдоброто, но мора да бидеме подготвени и за најлошите сценарија, а сите – институциите и граѓаните – мора да ја преземат својата одговорност“, порача емирот. QNA
Тој нагласи дека стратегијата на Катар е земјата цврсто да се брани, но да не биде вовлечена во војна, истовремено одржувајќи ги клучните услуги, снабдувањето и економската активност.

Изјавата доаѓа во период кога Катар се соочува со последиците од регионалните судири, затворањето на Ормускиот Теснец и оштетувањето на дел од енергетската инфраструктура во Рас Лафан, што влијаело врз извозот на течен природен гас.

На социјалните мрежи се појавија и тврдења дека емирот рекол оти „војната е неизбежна“, но таква формулација нема во официјално објавениот говор. Неговата порака била дека Катар мора да биде подготвен за најлошите сценарија, додека истовремено се обидува да избегне вовлекување во војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…

Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…

Топ ченел: Претседателот на Советот на Чаир…

Форумот на исламската младина во Северна Македонија,…

Јаковлева: Агенцијата за разузнавање не најде информации…

Директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,…

Имало решение: Девојчињата од Ѓорче Петров, кои…

На четирите тинејџерки против кои се водеше…

Граѓани снимиле камион како истура отпад кај…

Жители на скопската општина Аеродром реагирале откако…