Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не се доведува во прашање ликвидноста и солвентноста на банката
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка по воведувањето на администрација од Народната банка, сведочеше на денешната надзорна расправа за работењето на АЛТА банка во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на РМ.
Администрацијата никако не ја доведува во прашање ликвидноста и солвентноста на банката, наведе Андовски.
Андоновски одговори на прашањата на пратениците Благој Бочварски од СДСМ и Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ и уште еднаш нагласи дека банката е солвентна, сите преземени мерки се согласно Закон и финансиското работење на банката е стабилно.
Не постои банка која може да издржи панично повлекување на депозити, не само кај нас, туку и секаде во светот, затоа е потребна администграцијата, одговори Андовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…
Вице-гувернерката Митреска: Мерките на НБРМ за АЛТА…
Ана Митреска, вице-гувернер на НБРМ, сведочеше на…
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…