Објавено на:

Енергетски удар врз ЕУ: Гасот поскапел за 140%, дизелот двојно од февруари

t

Цените на природниот гас во Европската Унија пораснале за 140%, додека цените на дизелот се удвоиле од февруари годинава, изјави главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо, на брифинг во Брисел, пренесува агенцијата АПА.

Според нејзината изјава, Европската комисија од февруари внимателно ја следи состојбата преку експертските координативни групи за гас и нафта. Наведениот раст се однесува на периодот од февруари, а не од почетокот на годината, како што се наведува во објавата на социјалните мрежи.

Ваквото поскапување создава дополнителен притисок врз европската економија. Повисоките трошоци за енергија можат да го поскапат индустриското производство, додека растот на цената на дизелот ги зголемува транспортните трошоци и може да се прелее врз цените на храната и другите производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…

Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…

Масовни протести во Франција, запален и еден…

Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…

Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…

ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…

За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…

МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…

Според информациите од МВР, помала група припадници…