Објавено на:

ЕП ќе отвори канцеларија во Западен Балкан за подобро да го контролира проширувањето на ЕУ

t

Европскиот парламент планира да отвори нова канцеларија во Западен Балкан со цел да се подобри контролата врз процесот на проширување, објави порталот „Еурактив“ (Euractiv).

Во документот усвоен на пленарната седница на ЕП во Стразбур оваа недела се наведува дека отворање нова канцеларија на Западен Балкан е со цел да се понуди поголема поддршка на патот на европската интеграција на земјите кандидати или потенцијалните кандидати за членство во Европска Унија.

Новата канцеларија ќе ги зајакне односите со партнерските парламенти од Западен Балкан и ќе ја зголеми видливоста на претставниците на ЕП во активностите поврзани со процесот на проширување на ЕУ … Канцеларијата ќе му даде на ЕП поголема контрола врз процесот на пристапување бидејќи ќе работи со постојните делегации на ЕУ кои работат под контрола на Европската служба за надворешни работи, се истакнува во документот.

ЕП има локална канцеларија во секоја земја-членка на ЕУ. Поддржува контакт и комуникација, организирање настани и интеракција со локалните медиуми. Во ноември минатата година, ЕП отвори канцеларија во Украина на барање на Владата во Киев.

Во моментов има само неколку локални канцеларии на ЕП во земји надвор од ЕУ, како што се САД, Етиопија и Индонезија.

Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија се земјите од Западен Балкан кои имаат статус на кандидати за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се сеќавате на Ванхојте? Сега ќе ни…

Белгијанецот Питер Ванхојте кој беше многу активен…

Обид за кражба на изборен материјал во…

Денеска (07.05.2024) во Полициската станица Бит Пазар…

ЛШ: Ќе издржи ли Борусија вечерва на…

Реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите…

Во израелските напади оштетени или уништени се…

Од почетокот на војната помеѓу Израел и…

Скопјанка нападната од поранешниот сопруг, Бугаринот е…

Денеска (07.05.2024) во 00:30 часот, полициски службеници…