Објавено на:

Ергодан до шведската премиерка: Преземете конкретни чекори за борбата против тероризмот

t

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешниот телефонски разговор со шведската премиерка Магдалена Андерсон, го повика Стокхолм да преземе конкретни чекори за фундаментални прашања, како што е борбата против тероризмот.

– Турција сака да види обврзувачки ангажмани за овие прашања, заедно со конкретни и јасни акции, истакна Ердоган, додавајќи дека Шведска „треба да направи конкретни промени во својот став“ кон забранетата Курдска работничка партија (ПКК) и нејзините сириски филијали.

Ердоган изрази надеж и дека Шведска ќе го укине ембаргото за оружје воведено кон 2019 година поради воената офанзива на Анкара во Сирија, како и дека Стокхолм ќе екстрадира неколку лица обвинети од Анкара за соучесништво во тероризам.

Андерсон по разговорот со Ердоган на Твитер објави дека се договориле за важноста да се постигне напредок пред Самитот на НАТО следната недела во Мадрид. Таа додаде дека со нетрпение очекува да се сретне со Ердоган и со другите лидери на Алијансата.

Финска и Шведска на 18 мај поднесоа официјално поднесе барање за членство во Северноатлантската алијанса. Но, Анкара ги обвини Финска, а посебно Шведска дека им пружа засолниште на курдски екстремисти.

Телефонскиот разговор Ердоган – Андерсон уследи откако турскиот претседател за кандидатурите на Шведска и на Финска разговараше со генералниот секретар Јенс Столтенберг. Ердоган во разговорот со Столтенберг навел дека „Шведска и Финска треба да преземат конкретни и искрени чекори против забранетите курдски екстремисти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Турција: „Сериозни последици“ доколку Израел се обиде…

Турските разузнавачи ги предупредија Израелците дека ќе…

Столтенберг бара Турција да го одобри членството…

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска…

Турција се подготвува за првиот лет на…

Анкара – Турција се подготвува да ја заврши…

Лидерот на екстремната десница во Шведска предложи…

Претседателот на екстремно десничарската партија Шведски демократи,…

​Турција ги зголеми каматните стапки на 40…

Зголемувањето на каматните стапки на турската централна…