Ердоган: „Турција една од 10-те најголеми светски економии“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека сакаат Турција да ја направат една од 10-те најголеми економи на светот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган преку видеоконференција зборуваше на церемонијата на отворање на тунелот „Пиринкајалар“ во Ерзурум, кој ги поврзува источна Анадолија со источниот регион на Црното Море.
Станува збор за тунел долг 2.272 метри, вкупно со должина 3,4 километри заедно со приклучните патишта.
„Овој тунел, кој ќе ги намали емисиите на јаглерод за 230 тони, ќе придонесе за заштита на животната средина, но и ќе заштеди речиси 18 милиони годишно за нашата земја. Олеснувањето на транспортот меѓу Ерзурум и Артвин, кои имаат голем туристички потенцијал, ќе донесе нови можности“, рече Ердоган.
Тој рече дека една од областите во која најмногу инвестирале во последните 19 години е сообраќајната инфраструктура, а должината на автопатиштата во Турција ја зголемиле од 6.100 километри на дури 28.473 километри.
„Нашата цел е да ја направиме нашата земја една од 10-те најголеми економии во светот и да игра позначајна улога во глобалниот систем на управување“, рече Ердоган, додавајќи: „Турција се издвојува како земја со најсеопфатна, најсовремена и најмодерна инфраструктура за развој меѓу развиените и земјите во развој.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Масакр во западна Турција, непознато лице уби…
Турската полиција трага по маж кој денеска…
Берзански земјотрес поради вештачката интелигенција — „избришани“…
Распродажбата на акциите на технолошките компании се…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…