Објавено на:

Ердоган го “победи” Лукашенко: Русија и Украина се согласуваат да преговараат во Турција

t

Русија и Украина и натаму се согласуваат разговорите да ги водат во Турција и покрај неодамнешното насилство на теренот, изјави денеска висок турски функционер.

-Русија и Украина сè уште се согласуваат да разговараат во Турција, но тие се уште се далеку од договор за заеднички текст, изјави официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен.

Прашањата за Крим и Донбас се тешки, потврди официјалниот претставник, одбивајќи да даде датум за евентуална нова рунда разговори меѓу двете страни на турска територија.

Последната рунда разговори се одржа на 29 март во Истанбул. Таа овозможи „разговори за најчувствителните прашања“, рече турски официјален претставник, вклучувајќи ја и „неутралноста“ на Украина.

Но, додаде тој, во разговорите се појавиле одредени тешкотии кога станува збор за „безбедносните гаранции“ на земјите кои се споменуваат како можни гаранти на украинската неутралност.

-Треба да им се дефинираат овие безбедносни гаранции бидејќи некои од овие земји се загрижени дека би можеле да бидат вовлечени во директен конфликт со Русија, објасни тој.

Украинската делегација предложи десетина земји, вклучувајќи ги и петте членки на Советот за безбедност, Италија, Германија, Израел и Турција.

Русија вчера соопшти дека Украина се откажала од некои од предлозите што ги дала на разговорите во Истанбул и соопшти дека тоа го смета за позитивно, но турскиот функционер кажа дека не знае за што се работи.

Од преговорите во Истанбул нема дипломатски напредок во кризата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…

Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…

Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…

Зеленски пристигна во тридневна посета на Канада

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во тридневна…

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…