Ердоган: Европските лидери се обземени со срамот од холокаустoт

t

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Израел ги користи сите модерни средства за војување, вклучително и закани за фрлање бомби врз жени, деца и постари лица, додека западните земји се двоумат дури и да го користат терминот „прекин на огнот“, оценувајќи дека европските лидери се „погодени од срамот на холокаустот“.

„Срамот од холокаустот ги зафати европските лидери. Не само официјални лица, туку и западни интелектуалци, новинарски организации и организации за човекови права се обидуваат да го оправдаат Израел. Израелската администрација исто така го користи холокаустот како штит за напади кои претставуваат геноцид врз Палестинците“, рече Ердоган по состанокот на владата, пренесува Агенцијата Анадолиа.

Тој предупреди дека Израел се обидува да ја скрши отпорноста на Газа со намерно бомбардирање на болниците во опколената енклава.

„Израел и неговите поддржувачи кои ги користат сите модерни средства за војна против децата, жените, постарите лица ќе бидат судени според совеста на човештвото“, рече турскиот лидер, додавајќи дека од почетокот на конфликтот во Газа, палестинската енклава „ доживеала злосторства и суровост слични на оние од средновековните крстоносни војни и Втората светска војна“.

Ердоган истакна дека Турција е „единствената земја“ која Израел не може да ја нарече антисемитска.

„Не можете да видите таква дамка на срам во минатото на Турција. Ако не реагираме на она што се случува во Газа, нема да можеме да го спречиме окупаторскиот фанатизам утре да стигне до нашите земји“, рече тој.

Тој ја повтори својата поддршка за луѓето во Газа кои се борат да преживеат „под неморалните и грозоморни“ напади на Израел и додаде дека од Турција во Египет биле испратени околу 800 тони хуманитарна помош.

Откако беше погодена единствената онколошка болница во Газа, Ердоган изјави дека вкупно 88 пациенти се префрлени во Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Реки по улиците: Хаос и поплави во…

Турскиот главен град Анкара синоќа беше погоден…

Официјално: ТУРЦИЈА ОДОБРИ ЕКСТРАДИЦИЈА НА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИ!

Турција официјално ја одобри екстрадицијата на првоосомничениот…

Спречен терористички напад во Турција: Уапсени седуммина…

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја…

Макрон: Европа мора да покаже дека не…

Европа мора да покаже дека не е…

Девет железничари во Турција осудени на над…

Судот во Турција осуди деветмина железничари на…