Ердоган: Нема изгледи за мир во Украина
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема изгледи за мир во Украина.
– „Позицијата на Турција за актуелната војна во Украина е недвосмислена. Од првиот ден се залагавме за мир, дијалог и дипломатија. Направивме големи напори да спречиме натамошно крвопролевање. Не го влошивме проблемот и не долеавме масло на огнот. Се обидувавме да ги натераме партиите да се сретнат. За жал, војната која трае една и пол година се уште трае. Нема изгледи за постигнување мир“, изјави Ердоган на новинарите во авионот по враќањето од Сочи, каде што се сретна со рускиот лидер Владимир Путин.
Тој, исто така, додаде дека Турција ќе продолжи да се обидува да придонесе во процесот на размена на затвореници меѓу Русија и Украина.
„Ќе продолжиме да ја играме улогата на посредник во прашања како што се размената на затвореници и ситуацијата со нуклеарната централа Запорожје. Се надеваме дека оваа војна, која им штети на нашите соседи и на целиот наш регион, ќе заврши што е можно поскоро со постигнување праведен и траен мир заснован на меѓународното право“, рече турскиот претседател.
Тој рече дека „нема победници во војна и нема губитници во мир“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…