Ердоган: Неопходно е Турција да ја има една од најмоќните морнарици во светот
За Турција како земја опкружена со мориња од три страни е неопходност, а не прашање на избор да има силна морнарица. Затоа особено значење придаваме на подобрувањето на нашите поморски сили, како во однос на опремата, така и во однос на персоналот”, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Ердоган во обраќањето преку видео-порака на завршувањето на големата воена вежба „Сина татковина” што од 11 април ја спроведе турската воена морнарица во водите на Средоземното и Егејското Море најави континуирани активности за зајакнување на капацитетите на турските поморски сили.
Тој посочи дека преку изградба на нови подморници и развивајќи нови национални оружени системи ќе се работи во насока на јакнење на турската морнарица во една од најсилните сили во регионот и светот.
Истовремено потсети на тоа дека турската морнарица и крајбрежната стража спасиле животи на стотици илјади илегални мигранти во водите на Средоземното и на Егејското Море.
– Нашата армија паралелно со активностите за заштита на нацијата ги спроведува најзначајните хуманитарни кампањи. Добивме светско признание за нашите хуманитарни операции и операции за пребарување и спасување од Украина до Либија и од Африка до Централна Азија, рече Ердоган.
Во периодот од 11 до 21 април турската воена морнарица спроведе големи воени маневри во водите на Средоземното и на Егејското Море, со учество на 122 брода, 41 авион и дванаесет илјади војници.
Ердоган ја оцени „успешна” воената вежба на која, како што рече била демонстрирана „постојаната подготвеност” на турската армија.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Турција предлага формирање полициска агенција Туркпол со…
Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифтчи,…
Девојка од 22 години стана прв тренер…
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…
(Видео) Анталија е во пламен — почина…
Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…
Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…
Турција заработи над една милијарда долари од…
Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул…