Ердоган: Никогаш нема да ги напуштиме нашите палестински браќа и сестри
Турција е подготвена да дејствува како посредник и гарант во решавањето на конфликтот во Појасот Газа, рече денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето на Светскиот владин самит во Дубаи, јави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.
„Израел, ако навистина сака да постигне траен мир, мора да се откаже од својата експанзионистичка политика. Секој чекор кон решение на палестинскиот проблем преземен без создавање палестинска држава ќе биде грешен“, рече Ердоган, додавајќи дека патот кон мирот и спокојството во регионот е преку формирање на независна палестинска држава врз основа на границите од 1967 година со главен град Источен Ерусалим.
„Подготвени сме да ги преземеме нашите одговорности, вклучително и како гарант и посредник во овој процес. Никогаш нема да ги напуштиме нашите палестински браќа и сестри“, посочи Ердоган.
Турција досега испрати 34 тони хуманитарна помош за жителите на Газа и продолжува да обезбедува помош за енклавата, додаде Ердоган, цитиран од државната ТВ ТРТ-Хабер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Напад со моторна пила во Лакавица, па…
Инцидент со моторна пила и дрвен предмет…
Руте: НАТО ќе го брани секој сантиметар…
НАТО ќе го брани секој сантиметар од…
Четворица нападнале 40-годишник и од касата во…
Две лица на возраст од 23 и…
Речиси сите летови во Белгија се откажани…
Речиси сите летови во Белгија ќе бидат…
Мицкоски шокиран од низата случаи на семејно…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски…