Ердоган од Загреб: Путин е во право!
Анкара сака што поскоро да започне со испорака на руско жито на светските пазари, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Путин е во право. Житото од пристаништето не оди во сиромашните земји, туку во богатите. Главната задача е да се продолжи со испорака до земјите на кои им се потребни. Не е во ред да се испраќа жито во земјите што воведоа санкции. Ќе разговарам ова со Путин во Самарканд. Треба што поскоро да започнеме со испорака на руско жито“, рече Ердоган на прес-конференцијата со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во Загреб.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера на Источниот економски форум во Владивосток изјави дека само два од 87 брода со украинско жито отишле во сиромашните земји, додека огромното мнозинство завршиле на Запад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…