Објавено на:

Ердоган: Палењето на Куранот е достојно за презир, нема да попуштиме на провокации

t

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, чинот на палење на Куранот во Шведска го окарактеризира како „достоен за презир“.

Тој додаде дека Анкара нема да попушти пред заканите и провокациите.

Шведската полиција им дозволи на демонстрантите да запалат копија од Куранот во близина на главната џамија во Стокхолм на 28 јуни, празникот Курбан Бајрам.

„Непријателите на исламот и човештвото се обидуваат да го затемнат расположението со провокации заштитени од полицијата. Еден од нив е грозоморниот напад во Шведска. Оние кои го дозволуваат тоа и оние кои го одобруваат овој одвратен чин нема да можат да ги остварат своите амбиции. Нема да подлегнеме на политички провокации и закани“, рече Ердоган денеска во видео порака до членовите на партијата, пренесува РИА Новости.

Инаку, вчера околу 200 набљудувачи беа сведоци како еден од двајцата демонстранти кинеше страници од Куранот и ги бришеше чевлите пред да ја запали верската книга, додека другиот зборуваше на мегафон.

Во исто време, околу 10.000 муслимани ја посетуваат џамијата во Стокхолм на верскиот празник Курбан Бајрам.

Некои од присутните во знак на протест против палењето извикуваа „Господ е голем“ на арапски, а еден маж беше приведен од полицијата откако се обиде да фрли камен кон антиисламистите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брутална тепачка на обиколница кај Скопје…

Инцидент каков што ретко се гледа се…

Медведев: Иран го гледа опстанокот во нуклеарната…

Заменик претседателот на Советот за безбедност на…

Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе…

Војната меѓу Израел и Иран ќе има…

Ова ли е тоа тегнење за уши?…

Судот во Струга го прогласи за виновен…

Во Битола годинава 238 првачиња помалку од…

Новата учебна година во Битола ќе ја…