Ердоган повика на итен прекин на огнот: Во Газа се случуваат злосторства против човештвото!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, велејќи дека во Појасот Газа се случуваат „злосторства против човештвото“.
„Нема објаснување или оправдување за бруталноста на која бевме сведоци од 7 октомври“, рече Ердоган за време на Самитот на земјите од турско говорно подрачје во Астана, пренесува „Гардијан“.
Тој додаде дека приоритет на Турција е итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот.
„Да бидам искрен, злосторства против човештвото се случуваат во Газа точно 28 дена“, рече Ердоган.
Тој изјави дека Турција работи на „нови механизми кои ќе гарантираат безбедност за сите, без разлика дали се муслимани, христијани или Евреи“.
„Нашите напори да поставиме основа за меѓународна мировна конференција продолжуваат“, рече Ердоган. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Регионалната соработка и создавањето нови можности…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во рамки…
Унгарија разгледува замена на „Росатом“ во нуклеарниот…
Унгарија разгледува можност руската државна компанија „Росатом“…
Германија го подигна нивото на опасност од…
Германските вооружени сили првпат ја оценија заканата…
ММФ предупредува: Војната ја турка економијата на…
Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека економијата на…
Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија
Државна Лотарија ја претстави четвртата серија на…