Ердоган повторнo и се закани на Грција
Претседателот на Турција, Рeџеп Тајип Ердоган во својот говор на Самитот на Г20 повторно и се закани на Грција.
Тој изјави дека Турција „една ноќ може ненадејно да пристигне“ во Грција и затоа соседната држава треба „да внимава на своето место“ и да „се сети на историјата“.
Изминатите месеци Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Тој во говорот на Самитот на Г20 го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „сите авиони и оружје што ќе дојдат нема да бидат корисни“.
На претходните закани реагираше и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас при што испрати писма до НАТО, ЕУ и ОН.
– Ризикуваме повторно да бидеме сведоци на ситуацијата што моментално се развива во друг дел од нашиот континент, напиша тогаш Дендиас.
Во септември, ЕУ изрази загриженост поради коментарите на Ердоган, додека американскиот Стејт департмент ги нарече „безопасни“ и повтори дека суверенитетот на Грција над островите во Егејско Море „не е доведен во прашање“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метеорит од Марс откри траги од древна…
Меѓународен тим научници можеби се приближил еден…
Тошковски: 25 години ЕБР – четврт век…
Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во…
(Видео) Ангелов: Ова е еден од најтешките…
Повеќе од 15 пожари на отворен простор…
Украина отвора 100.000 работни места за ветераните…
Украинската влада подготвува нова програма за отворање…
Сателитски податоци откриваат масовно ширење на алгите…
Глобалните океани влегуваат во фаза на брзо…