Ердоган: Потребен е притисок на меѓународната заедница врз Израел
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган апелираше до меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Израел за да се осигура дека повеќе хуманитарна помош ќе биде доставена до Појасот Газа, додавајќи дека Анкара ќе ја зголеми количината на хуманитарна помош што ќе ја испрати за време на светиот муслимански месец Рамазан.
Ердоган ги критикуваше западните земји дека го поддржуваат Израел, велејќи дека му дале можност на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да изврши „дивјачки напади“ врз Појасот Газа поради нивниот „неодлучен став“.
– Што и да направи израелското раководство, не може да ја скрие реалноста дека е убиствена, сурова, криминална, лажлива и фашистичка влада, рече Ердоган.
Тој додаде дека повиците на западните земји за смиреност се бесмислени, додека поддршката за Израел продолжува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…
Премиерот повторно излажа: За учество на избори…
Да се тврди дека зголемувањето на прагот…
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…