Ердоган предупреди дека Турција се соочува со катастрофа поради падот на наталитетот
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека земјата се соочува со катастрофа поради падот на наталитетот, пренесе „Анадолија“. На симпозиум во Анкара, тој предупреди на сè поголемите предизвици за семејството и повтори дека Турција ќе преземе мерки против, како што наведе, обидите за бришење на родовите разлики и движењата како ЛГБТ.
Ердоган посочи дека демографската криза е сериозна, наведувајќи дека стапката на фертилитет се намалила од 2,38 деца по жена во 2001 година на 1,48 во 2025 година — пониско од Франција, Велика Британија и САД.
Тој порача дека намалениот наталитет е силно предупредување за иднината на Турција и дека никој што се грижи за судбината на земјата не смее да остане рамнодушен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган предупреди дека Турција се соочува со…
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека…
Виткоф во Турција на клучни разговори со…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Две деца починаа по труење со храна…
Ужасна трагедија се случила во Истанбул, каде…
Турски обвинител бара 2.000 години затвор за…
Турскиот обвинител побара 2.000 години затвор за…
Загинаа сите 20 членови на екипажот во…
Сите 20 членови на екипажот на турскиот…